Јапонскиот стартап VAAK направи систем за вештачка интелигенција кој препознава однесување и може да детектира крадци во продавници според нивниот говор на телото. Оваа вештачка оинтелигенција го препознава говорот на телото споре примероци од сними на видеонадзор на кои крадци веќе извршиле кражба и може да ги предупреди вработените во продавницата, обезбедувањето и полицијата доколку забележи некој што се однесува сомнително.
При анализата на однесувањето на купувачите софтверот цело време во проценти проценува колкава е веројатноста дека ќе биде извршена кражба, како што можете да видите и од видеото во прилог. Штом вештачката интелигенција на видеонадзорот забележи однесување кое укажува на голема веројатност дека ќе биде извршена кражба, може да испрати известување до вработените преку апликација за паметни телефони.
Иако вештачката интелигенција е дизајнирана со улога да ги намали кражбите по продавниците, веќе предизвикува негативни реакции кај многумина кои мислат дека на полицијата и на владите ќе им даде дополнителна можност да ги следат луѓето кои не се однесуваат според некои мерила за системот за превенција да доведе до вклучување на посебен надзор за одредени луѓе, а во краен случај полицијата врз база на тоа би можела однапред да апси луѓе кои уште не направиле прекршок, казнено дело или дејствувале против власта.