Кина го гради најмоќниот систем за препознавање лице во светот

- Advertisement -

Кина има за цел да го создаде најмоќниот систем за преознавање лице на светот и тоа сака да го постигне преку проект кој го стартуваше Министерството за јавна безбедност во 2015 година, кој се развива во соработка со со компанија за безбедност чие седиште е во Шангај.

Инаку, Кина веќе го вгради системот во повеќе од 170 милиони најсовремени камери за надзор ширум земјата. Целта на оваа најмодерна мрежа во светот е да идентификува кој било од вкупни 1,4 милијарди граѓани за рок од само 3 секунди. Само во септември минатата година Кина инсталираше повеќе од 20 милиони безбедносни камери во земјата.

- Advertisement -

Еден од примерите како овој масовен надзор во Кина, која е опремен со најнапредната вештачка интелигенција во светот и софтвер за препознавање лице, се спротивставува на криминалот се високотехнолошките очила за сонце кои веќе ги корсти полицијата во централна Кина, а кои се опремени со технологија за препознавање лице за да ги забележат осомничените за криминал на железничките станици.

Исто така, сообраќајната полиција во Шенжен монтираше 40 комплети камери за надзор наречени „робокап“ за да ги идентификува лицата на непослушните возачи и да го регулира сообраќајот. Во истиот град на печашките премини пешаците добиваат известување за парична казна штом прекршат некое правило, а истовремено фотографии и имиња на тие кои а поминуваат улицата на црвено светло за појавуваат на огромни ЛЕД екрани.

- Advertisement -

На големите стадиони со технологија за препознавање лице како дел од безбедносните мерки полицијата уапси три бегалци на концерти на пејачот Џеки Чунг во Хонгконг. Кина вовезеде препознавање лице и во други јавни сфери – од надгледување на домовите до ограничување на користењето тоалетна хартија во јавните тоалети, а противниците на ваквиот систем наведуваат дека Кина со ваквите методи целосно ја укинува слободата на своите граѓани.

Сподели!
- Advertisement -