Британската влада инвестира 10 милиони фунти во „Училишта на 21-от век“

- Advertisement -

Британската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици на Западниот Балкан со вештини за иднината

Денеска, на 30-от роденден на глобалната интернет-мрежа (world wide web), Британскиот совет ја отпочнува својата најголема образовна иницијатива во земјите од Западниот Балкан. „Училишта на 21-от век“ е амбициозна тригодишна програма, финансирана од Владата на Обединетото Кралство, што на еден милион ученици на возраст од 10-15 години ќе им помогне да развијат вештини за критичко размислување, решавање проблеми и за кодирање. Целта е да ја поттикне следната генерација иноватори и претприемачи.

Програмата „Училишта на 21-от век“ нуди образовни ресурси и менторство за обука на директорите на училиштата, наставниците и креаторите на политики. Сите основни училишта во земјите од Западен Балкан ќе добијат „Микро:бит“ уреди за кодирање, коишто ќе им помогнат на младите да стекнат нови дигитални вештини на забавен и интерактивен начин.

- Advertisement -

Сер Алан Данкан, државен министер во канцеларијата за надворешни работи и за Комонвелтот, рече:

- Advertisement -

„Во име на Владата на Обединетото Кралство и на Британскиот совет, среќен сум што програмата Училишта на 21-от век на Западниот Балкан ја започнуваме на 30-годишнината од основањето на глобалната интернет-мрежа (world wide web)“.

„Го правиме ова бидејќи сакаме да помогнеме регионот да стане попросперитетен и стабилен. Развојот на вештини за 21-от век ќе помогнат да се создаде следната генерација технолошки претприемачи и ќе помогне да се создадат повеќе работни места. И како со воспоставувањето на глобалната интернет-мрежа пред 30 години, горд сум што Обединетото Кралство игра клучна улога во овие напори“.

- Advertisement -

Елеонора Запрова, директор на Британскиот совет истакна:„Британскиот совет во учебната 2017-18 година ја воведе оваа иницијатива како пилот-проект и добивме многу позитивните реакции од сите учесници кои беа вклучени во него. Наставниците ја потврдија важноста на примената на критичкото размислување и решавањето проблеми во наставата. Учениците пак добија поголема самодовербата при учење на кодирање. Воедно сите нагласија сека мотивацијата во училницата, тимската работа и креативноста придонеле учењето да биде забавно. Сега, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство ќе можеме да ја реализираме оваа програма во секое основно училиште низ целата земја“. 

За да се натпреваруваат на глобалниот пазар на труд, вештини како решавање проблеми, критичко размислување, дигиталната писменост и креативноста се клучни за успех. „Училишта на 21-от век“ ги поддржува младите луѓе во развиваат овие вештини со цел да бидат покомпетентни во иднина.

Сподели!
- Advertisement -