Децата и родителите кои користат смартфони поминуваат повеќе време заедно, но многу помалку разговараат

- Advertisement -

Децата денес поминуваат половина час повеќе со своето семејство во споредба со 2000 година, но најголем дел од тоа време го поминуваат на смартфон. Истражувачи открија дека времето кое децата го поминуваат со родителите во разговор или друга заедничка активност се нема сменето речиси две децении, иако поминуваат повеќе време заедно.

Тој екстра половина час што децата и родителите го поминуваат заедно во споредба со пред 19 години не се исполнува со некаква заедничка активност како јадење или гледање телевизија. Тоа значи дека децата денес отприлика исто време поминуваат вршејќи земејни активности како децата пред две децении.

- Advertisement -

Едно истражување во кое учсетвувале 2.500 деца на возраст од 8 до 16 години и нивните родители во периодот од 2000 до 2015 година покажа дека мобилните уреди сега се дел од семејниот живот. Што значи тоа? Тоа значи дека тој екстра половина час што децата и родителите го поминуваат заедно не комуницираат, туку тоа е исто како да се сами, а сепак заедно.

Така и научниците го нарекуваат тоа време. Мобилните уреди во 2015 година се користеле во сите апсекти од семејниот живот, но најчесто во тие периоди на „заедничко-самостојно“ време.

- Advertisement -

„Нашата анализа покажа дека времето кое семејствата го поминуваат заедно е продолжено, но иако се на иста локација, и децата и родителите се чувствуваат како да се сами“ велат истражувачите од Универзитетот Оксфорд. Но, нивните податоци не објаснуваат зошто дошло до зголемување на заедничкото време, иако се сомневаат дека веројатно се должи на стравот за безбедноста на децата.

Исто така, се покажало дека смартфоните и таблетите ги замениле традиционалните семејни активности како ручање заедно и гледање телевизија. Во 2000 година децата и родителите поминувале по 347 минути на истата локација, од кои 95 минути биле „заедничко-самостојно“ време, а 84 минути дневно заедно јаделе или гледале телевизија. Во 2015 година пак, тие заедно поминуваат по 379 минути на иста локација, од кои 136 минути се „заедно, но сами“ и 87 инути јадат или гледаат телевизија заедно.

Сподели!
- Advertisement -