Таткото на Интернетот вели дека неговата креација станала нешто сосема поинакво од тоа што го замислил

- Advertisement -

На 30-тиот роденден и околу 4 милијарди корисници, World Wide Web се соочува со проблеми како ширење говор на омраза, проблеми со приватноста и хакирање по нарачка на цели држави. Како што вели креаторот на Интернетот, Тим Бернерс Ли, време е Интернетот да се направи подобар за човештвото.

Тим Бернерс Ли учествуваше на прослава на роденденот на неговата креација и се потсети на неговата изум во CERN, Европската организација за нуклеарни истражувања. Првиот предлог за креирање на WWW тој го дал на 12 март 1989 година. Тој негов предлог ги отвори вратите за технолошка револуција која го трансформираше начинот на кој луѓето купуваат, споделуваат идеи, добиваат информации и многу повеќе од тоа.

- Advertisement -

Но, Интернетот исто така стана место каде што технолошките гиганти собираат лични податоци, каде што соперничките влади се шпионираат едни со други и се мешаат во избори, а говорот на омраза наголемо се шири во светот. Како што вели Ли, Интернетот станал непто многу поинакво од она што тој го замислил – место за соработка на умовите кои се отворени за напредок.

Говорејќи на конференцијата Web@30 во CERN, Ли призна дека тие што го користата Интернетот сега знаат дека оваа интернационална мрежа не е она што посакуваат. Неговата фондација World Wide Web Foundation сака да ги повика владите, компаниите и граѓаните да преземат поголема улога во оформувањето на мрежата за добри намени почитувајќи ги принципите на тн. „договор за мрежата“. Според договорот, владите се одговорни за сите да се конектираат на Интернет, да ја направат мрежата достапна за сите и да ја почитуваат приватноста. Компаниите, пак, треба да го направат Интернетот поевтин, да ја почитуваат приватноста и да развиваат технологија која ќе ги стави на прво место луѓето и јавното добро. И граѓаните имаат обврска според договорот – да креираат и да соработуваат, но и да го почитуваат цивилниот дискурс.

- Advertisement -

„Договорот за мрежата има за цел да се седнат сите на една маса и да се договорат точно што ќе начи тоа“ вели Ли. Сепак, нејасно е како ќе се спроведуваат тие правила. Ли додаде и дека битно е да се направи баланс меѓу надзорот и слободата, но тешко е да се одреди кој е тој баланс.

Тим Бернерс ли работел како млад софтверски инженер во CERN. 63-годишниот иноватор го создал денешниот хипертекст трансфер протокол или „http“, кој е основата за глобалната мрежа. Системот „http“ овозможил текст и мали фотографии да се споделуваат преку софтвер, односно првиот веб пребарувач во 1990 година и тоа се смета са старт на мрежата.

Сподели!
- Advertisement -