Макпрогрес ја поддржа иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство

- Advertisement -

По примерот на компанијата Витаминка од Прилеп и нашата најголема прехранбена индустрија, Макпрогрес Виница, денес на менаџерски состанок донесе одлука да се прифати иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство. Компанијата се надева дека кон оваа позитивна иницијатива ќе се приклучат и други компании во Македонија.

Со оваа одлука уште еднаш Макпрогрес покажува дека вработените се најголемата вредност за компанијата, и дека грижата за нив, нивната едукација и обезбедувањето на најдобри услови за работа се нешто што претставува императив во работењето. Дека вработените имаат можност за напредок, за градење кариера во нивното родно место, а притоа имаат бенефиции како во некои од најразвиените западно европски земји.

- Advertisement -

Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Макпрогрес вработува над 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија. Со својот бренд Винчини е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки. Во моментов производите се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.

- Advertisement -

Како иновативна компанија, постојано ги следи потребите на потрошувачите, создавајќи високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари. Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантазиа, Дониа се дел од брендовите кои влегуваат под капата на производствената индустрија Макпрогрес.a

Сподели!
- Advertisement -