Фантастична фотографија од Марс во 360 степени

- Advertisement -

Роверот Opportunity на НАСА слета на Марс на почетокот на 2004 година, а планираната мисија која требаше да трае три месеци де продолжи на 15 години, во текот на кои од Црвената планета испрати битни податоци и фотографии. Но, по минатогодишната песочна бура на Марс роверот престана за одговара на сингалите од Земјата и неодамна беше објавено дека неговата мисија е завршена.

Пред да биде прекината комуникцијата Opportunity во текот на еден месец од средината на мај и јуни испраѓаште бројни фотографии од последните места на кои се наоѓал на д. НАСА спои над 350 фотографии во една панорамска фотографија од 360 степени и ја објави на свјата интернет-страница. На фотографијата се гледа Долината Персеверанс (Perseverance Valley), која се наоѓа на падините на кратерот Ендуранс (Endurance) и се гледаат трагите од самиот ровер, како и делови од површината која научниците сакаа детално да ја истражат, но за тоа ќе мора да почекаат да пристигне новиот ровер.

- Advertisement -

Менаџерот на НАСА задолжен за проектот, Џон Калас, изјави дека последната панорама на најдобар начин покажува зошто ова е неверојатна истражувачка мисија и дека наследството на Opportunity ќе живее. Неговите научни откритија помогнаа да го сфатиме геолошкиот состав на Црвената планета и тој ги постави основите за идните роботски, а и човечки мисии на Марс.

Сподели!
- Advertisement -