Микросам претстави роботски систем во соработка со НАСА

- Advertisement -

На најголемиот светски саем за композити, JEC World 2019, кој се одржува секоја година во Париз, Микросам ги претставуваше своите најнови иновации за производство на современи композити. Најновото достигнување претставува производна ќелија за тродимензионално печатење во простор на современи композитни материјали со повеќе роботи. Ова е прв пат во светот некоја фирма да постигне вакво техничко решение и со тоа Микросам го привлече вниманието на голем број глобални фирми од повеќе индустрии.

Како резултат на 2-годишен истражен проект меѓу Микросам, Институтот за Современи Композити и Роботика во Прилеп, и фирмата Џенерал Атомикс Аеронавигациски Системи од Сан Диего, САД, идејата за производство на композити без алат се претвори во реалност. Идејата потекна од дискусии со НАСА и Џенерал Атомикс за изработка на делови во простор особено во вселена каде е скоро невозможно да се донесе алат. Инженерите од Микросам и Институтот во Прилеп успеаја во изработка на комплексен систем со 2 роботи паралелно.

- Advertisement -

Во системот се искористи технологијата на Микросам за автоматско полагање на композитни траки, за која Микросам неодамна доби патент од Германскиот завод за патенти. Еден робот полага композитен материјал, а друг робот се движи паралелно од другата страна на материјалот и игра улога на алат. За оваа технологија Микросам совлада бројни предизвици, како што се прецизно и координирано движење на повеќе роботи во простор, и обработка на термопластични композити.

- Advertisement -

Заедно со врвниот софтвер за дизајн, симулација и контрола на роботската ќелија, Микросам поседува и врвни познавања во обработка на термопластични композити. Производите изработени од овој тип композити претставуваат иднина во авионската и автомобилската индустрија бидејќи термполастите се по-еколошки, со можност за рециклирање, и со помош на ласер и прецизна обработка стануваат финални продукти без употреба на печка или други процеси како досегашните композити.

 

Сподели!
- Advertisement -