Над 3.500 лица од земјава досега испратиле имиња за мисијата „Марс 2020“

- Advertisement -

Над 3 500 лица од земјава ги дале своите имиња кои треба да бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА. Аплицирањето се прави преку сајтот на НАСА, на следниот ЛИНК .

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

- Advertisement -

Досега за оваа мисија се испратени скоро 8,5 милиони имиња од целиот свет. Притоа, најмногу имиња досега се пратени од Турција (2,5 милиони) , Индија (1,1 милиони) и САД (скоро 1 милион).

Краен рок за испраќање на имињата е 30 септември 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -