Минатата година во Скопје и Тетово стотици млади девојки ја имаа можноста да се запознаат со начините на кои функционира ИТ-светот, а оваа година голем број девојки ја добија можност да се запознаат со работењето во просториите на ФИНКИ.

– Време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ-професија, нагласуваат од Мајкрософт Македонија.

- Advertisement -

Девојките на настанот во Скопје имаа можност да ги слушнат искуствата на повеќе личности од ИТ-заедницата меѓу кои и д-р Иван Чорбев, декан и вонреден професор на ФИНКИ, Елисавета Нојковска, регионален маркетинг менаџер во Мајкрософт за модерното работно место за 24 држави, Катерина Бојков, ЦОО и ко-основач на EmbedSocial…

– Ние сме тука да ги отвориме портите на тие кои сакаат да си ги остварат соништата. Минатата година го почуствувавме ентузијазмот со кој овие млади девојчиња се пронаоѓаат себеси во овие полиња. Тие се подготвени да го променат светот и време е ние да им покажеме како, посочи Елисавета Нојковска од Мајкрософт.