Професор на Харвард тврди дека за 10 години нема да постојат половина од факултетите

- Advertisement -

Клејтон Кристенсен е професор на бизнис школата на Харвард кој неодамна изнесе предвидување дека онлајн обравозанието ќе ги поткопа бизнис моделите на класичните школи до таа мерка што нема да можат да преживеат. Бидејќи онлајн и хибридното образование продолжуваат да се развиваат, а трошоците за традиционално образование растат, многу институции се борат да продолжат да работат.

Кристенсен вели дека стекнувањето диплома од Универзитетот Харвард, која чини 400.00о долари, ретко кој може да ја покрие како инвестиција по завршувањето на факултетот. Секако, тоа е исто и со другите факултети. Додека многумина првенствено се интересираат за знаењето, други својата диплома ја гледаат како билет до избраната кариера.

- Advertisement -

Меѓутоа, постојат и поединци кои никогаш не можеле да си дозволат да студираат на Харвард било поради религиозни причини или финансии или недоволно добри оценки. Без оглед на причината, тие секако остануваат без диплома, сертификат и знаење кое им е потребно или го сакале, Но, и тоа почнува да се менува.

Целта на образованието, барем во поглед на кариерата, е да овозможи знаење, вештини и барем делумно искуство кое им е потребно на дипломците за старт на кариерата. Дипломата покажува дека сте биле способни и сте знаеле како да ја добиете, меѓутоа не значи нужно дека снаете да ја работите работата за која сте се школувале. Знаењето кое можете да го примените е битно, вештините се битни, како и стекнатото искуство.

- Advertisement -

Паметните претприемачи и луѓето задолжени за вработување кандидати не се грижат олку за тоа што сте правеле на факултет, туку како можете своето знаење да го примените во работата. Токму затоа, многу е веројатно дека наскоро новиот образовен бизнис модел кој само создава студенти со дипломи ќе почне да создава студенти со знаење, такви кои сакаат да направат нешто и да учат на начин кој е најдобар за нив.

Имено, тоа е она што луѓето кои сакаат да постигнат големи нешта го сакаат за себе и она што го посакуваат работодавците од своите вработени. Тогаш може да се рече дека ќе се постигне вин-вин ситуација во која сите добиваат нешто.

Сподели!
- Advertisement -