Пуштен во употреба првиот подводен ресторан во Европа

- Advertisement -

Компанијата Snøhetta ја заврши изградбата на Under, најголемиот подводен ресторан во светот и прв таков во Европа. Ресторанот се наоѓа во близина на селото Бали во Норвешка. Snøhetta го дизајнираше ресторанот да наликува на потонат перископ. Има површина од 495 квадратни метри и огромен панорамски прозорец кој на посетителите им овозможува уникатен поглед на морскиот свет.

Under може да собере 40 посетители одеднаш и може да се користи и како морски истражувачки центар. „За повеќето од нас ова е сосема ново искуство. Не е аквариум, туку дивиот морски свет на Северното Море. Токму затоа е поинтересно затоа што не носи директно во дивината. Кога времето е лошо, не е безбедно да си на море. Но во ресторанот можете да ја набљудувате природата одблиску и да бидете безбедни. Тоа е многу романтично“ вели главниот архитект на Under, Рун Грасдал.

- Advertisement -

Under е дизајниран да биде што е можно поеднотавен. Има форма на монолитска бетонска цевка и е долг 34 метри. Ѕидовите се малку закривени и се дебели половина метар, што е сосема доволно за да ги издржат ударите на брановите и притисокот на водата.

„Идејата е да се направи цевка која луѓето ќе ги доближи до подводниот свет. Ова е најефективниот начин да се направи тоа и притоа да се чувствуаш безбедно, а сепак не како да си затворен“ додава Грасдал. Бетонот однадвор не е измазнет со цел грубата тесктура да ги привлече алгите и другите морски животни да се прикачат на него. Со тек на време ќе се формира вештачки гребен кој ќе помага и да се прочисти водата.

- Advertisement -

До Under може да се стигне преку влез направен од дабово дрво, кој со тек на време ќе избледи и ќе се вклопи со сивите тонови на бетонот. Дабот го има и во внатрешноста и со него се создава една топла атмосфера која спречува да чувствувате клаустрофобија. Ресторанот има три нивоа, вклучувајќи и фоаје и соба за капути, бар за шампањ и главниот ресторан на најдолниот кат.Сите тие се поврзани со скали направени од дабово дрво.

Фокалната точка на ресторанот е панормаскиот прозорец, кој го има на секој кат на градбата. Широк е 11 метри, а висок 3 метри. За да им овозможи на посетителите и ноќе да го гледаат морскиот свет, Snøhetta има поставено слабо осветлување на морскиот брег, а внатрешното осветлување е пригушено.

- Advertisement -

Најдлабокиот дел на ресторанот ќе биде 5 метри под вода, каде што ќе се користи и како вештачки гребен за морските животни. Посетителите на Under ќе можат да уживаат во локална храна приготвена од данскиот готвач Николај Елицгаард Петрсен. На влезот во ресторанот по ѕидовите ќе се наоѓаат едукативни содржини. Кога нема да работи ресторанот, зградата ќе се користи како истражувачки центар.

Сподели!
- Advertisement -