Започна Online Саемот за мебел на Grouper.mk

- Advertisement -

Компанијата која е позната како двигател на е-трговијата во земјава и креатор на интересни онлајн маркетинг кампањи, Grouper.mk, го најавува Онлајн Саемот за мебел кој оваа година се реализира по втор пат.

Новите технологии засекогаш го променија начинот на кој комуницираме, водиме бизнис, живееме, купуваме. Така ако порано беше потребно да одиме на физичка локација за да најдеме добра зделка за парчето кое ни е потребно за домот, сега тоа е возможно да го направиме од удобноста на нашиот дом или каде и да сме преку нашиот паметен уреед, благодаение на Онлајн саемот за мебел на Grouper.mk.

Денес, Grouper.mk го најавија  почетокот на  –  Онлајн саемот за мебел, кој за прв пат беше спроведен минатата година. По одличниот фидбек, како од компаниите, така и од купувачите минатата година, оваа година велат дека очекуваат уште поголем интерес благодарение на бројните атрактивни понуди со попусти. Кампањата има за цел на лесен, модерен и ефективен начин да им понуди на компаниите неограничен простор за промоција на своите производи, а на купувачите можност да го изберет своето омилено парче мебел или декорација за домот на попуст. Во кампањата се вклучени над 100 зделки за мебел, санитарија, украси и декорации, така што сите оние кои прават пролетно реуредување на домот, викендицата, дворот или пак планират нов дом, ќе имаат можност онлајн да си го изберат своето омилено парче мебел без гужви, турканици и ограничени термини за купување и разгледување.

- Advertisement -

“Во текот на годината имаме неколку големи тематски кампањи, а оваа кампања е насочена кон промовирање на категоријата Се за Дома, и компаниите од оваа индустрија. Онлајн Саем на Мебел е најнова кампања на Grouper и моментално единствен ваков креативен проект, кој им нуди модерен и ефикасен начин на промоција на бизнисите од оваа дејност. Кампањата беше реализирана за прв пат минатата година како ад хок акција, и се покажа како навистина успешен проект кој се здоби со одличен фидбек и од компаниите и од купувачите. Ова е одлична можност да купите парче мебел кога сакате, а притоа да заштедите и време и пари и трошоци за транспорт. Особено ни е драго што голем број од компаниите кои беа учесници минатата година ќе се вклучат и во овогодинешната кампања и што имаме можност да понудиме повеќе од 100 зделки со производи за домот”, вели Драгана Ѓокиќ, директортката за бизнис продажба и маркетинг кампањи во Grouper.mk.

Почнувајќи од денес па се до 20 април ќе имате прилика да ги разгледувате бројните акции и да одберете со што ќе го “освежите” вашиот дом.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -