Хонгконг гради вештачки остров вреден 80 милијарди долари

- Advertisement -

Владата на Хонгконг откри дека планира да инвестира речиси 80 милијарди долари во инфраструктурен проект кој ќе помогне да се реши проблемот со недостигот од простор. Станува збор за еден од најголемите вештачки острови во светот.

Проектот го носи името Lantau Tomorrow Vision и ќе биде изграден на површина од 1.000 хектари во близина на островот Лантау. Тоа би требало да биде доволно за да се изградат 260.000 домови, велат од владата на Хонгконг.

- Advertisement -

Доколку се оди според плановите, новиот остров ќе го надмине по големина интернационалниот аеродром во Хонгконг и ќе биде четвртиот по големина вештачки остров во светот и најголемиот инфраструктурен проект во Хонгконг досега.

- Advertisement -

Плановите на владата е да се обидат да го решат проблемот со сериозниот недостиг на земјиште за домување. Владата планира 70% од домовите на вештачкиот остров да бидат јавно домување. Сепак, овој проект не наиде на одобрување кај сите жители на Хонгконг.

Неколку групи протестираа поради финансиските и еколошките ефекти на џиновскиот инфраструктурен проект. Активистите за спречување на климатските промени исто така се спротивставија на планот, предупредувајќи дека вештачкиот остров ќе ги загрози и така загрозените розови делфини, кои живеат во водите околу островот Лантау.

- Advertisement -

Новиот остров ќе биде речиси двојно поголем од Палм Џумеира во Дубаи, кој има површина од 560 хектари, а цената – 80 милијарди долари – е шест пати повисока од трошоците за Џумеира.

Локалниот морски свет веќе е загрозен поради мостот Хонгконг-Жухаи-Макау, долг 55 километри и составен од мостови, вештачки острови и подводен тунел.

Во регионот на Лантау се планира уште еден вештачки остров на површина од 700 хектари, но уште не се познати деталите за намената и цената на проектот.

Сподели!
- Advertisement -