Зошто е поедноставно и поевтино бекапот на податоци да се аутсорсира во специјализирана компанија?

- Advertisement -

Бекапот има многу поголемо значење од тоа што луѓето обично му го препишаат! Без функционален бекап не можете да обезбедите континуитет на постоење на документите. Секој документ може да престане да постои! Toa не значи некој го злоупотребил, го украл, го менувал или го читал. Тоа значи дека тој документ едноставно може да престане да постои. Електронските документи се виртуелна реалност, постојат во рамките на даден електронски систем и ако пропадне системот, пропаѓаат и документите во него!

Податоците во дигиталниот свет се многу повеќе изложени на ризик од загуба, злоупотреба или уништувње отколку во физичкиот свет. За да прочитате еден документ во физичка форма ви се потребни само очи. За да прочитате документ во дигитална форма е потребна електрична енергија со чија помош се стартува одреден хардвер кој стартува некој оперативен систем, кој пак стартува соодветна програма која може да го пронајде, повика и направи подобен за читање електронскиот документ.

- Advertisement -

Во таа низа на меѓусебно условени настани, ако било кој елемент од системот затаи, вие нема да можете да го прочитате документот. Затоа основен предуслов за нормален пристап до документите е да се обезбеди функционалност на сите елементи во системот.

- Advertisement -

Што е основно за документите да бидат безбедни?

За да кажеме дека еден електронски податок е безбеден, тој мора да биде складиран на два различни хардверски системи, на кои постојат идентични услови за работа на оперативните системи и апликациите кои го овозможуваат читањето на документите. Притоа тие хардверски системи (компјутери, сервери) мора да се напојуваат од два различни и независни извори на енергија.

- Advertisement -

Оттука произлегува златното правило на бекапот, (3-2-1) кое гарантира ПОСТОЕЊЕ на документот во секое можно сценарио. За да обезбедите континуитет во постоењето на еден електронски податок потребни се:

  • 3 копии од документот, во секој момент.
  • Тие 3 копии мора да бидат запишани на најмалку 2 различни медиуми за читање на податоци, за се елиминира технолошкиот ризик на форматот.
  • Најмалку 1 копија мора да се чува НАДВОР од вашата локација, на место со независен извор на енергија различен од вашиот, со што се елиминираат системските ризици на локацијата.

Што нуди компнијата B-Up?

Компанијата B-Up, специјаизирана за бекап на докумети, обезбедува независна локација на компании кои преку електронски протокол имаат пристап до сите свои податоци во секое време. Тој систем е целосно независен од системот на компаниите кои исто така си ги чуваат документите во електронска форма. На овој начин, што и да се случи со системот на компаниите, тие можат да си ги повратат податоците во секое време затоа што имаат сигурен бекап во B-Up.

„Апсурдно е да кажете дека сте произвеле возило, а во него не сте ставиле мотор, тркала и волан. Тоа може да биде макета на возило, неупотреблива играчка или уметничка експресија, но не може да се нарече функционално возило. Исто толку апсурдно е да се лажете себеси дека правите бекап, доколку тоа го правите внатре во вашата мрежа, на хардвер кој се наоѓа на иста локација и во рамките на еден ист оперативен систем, кој се напојува од еден извор на енергија. Тоа е макета на бекап, неупотреблива форма која не гарантира постоење и употребливост на документот“, велат експертите од B-Up.

Мисијата на оваа компанија е да го направи бекапот ЕДНОСТАВЕН и ДОСТАПЕН за сите!

Бекапот е сложена, комплицирана и скапа операција. Најголемиот дел од компаниите знаат дека треба да прават бек-ап, но незнаат како да го направат функционален или не можат да си дозволат да ги дуплираат сите елементи кои прават функционален бекап. Ние го правиме бекапот едноставен со употреба на паметна алатка која му дозволува на корисникот едноставно менаџирање со бекапот. Целиот процес е олеснет и со онлајн претплата“, објаснуват од B-Up.

Користењето на услугите за професионален бекаp им заштедуваат и пари на компаниите кои доколку не ја аутсорсираат оваа услуга треба да инвестираат во нови компјутери за складирање на документите, ново физичко дислоцирање и вработување кадар кој ќе се грижи за овој процес. Звучи сложено? Решението е оваа функција целосно да се препушти на професионалните и специјализирани услуги за бекап на податоци во B-Up.

Сподели!
- Advertisement -