Поскапуваат становите?!

- Advertisement -

Становите ќе поскапуваат, алармираат градежниците. Причина е континуираниот раст на трошоците во градежништвото за нови објекти. Статистиката покажува дека во последниот квартал лани градежните материјали поскапеле за 3,2%, а трошоците за вработените биле повисоки за 13%.

“Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборувамеза поскапување на сите градежни материјали меѓу 10% и 15%. Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите, транспортот, прво за материјалите што се увезуваат, како и за материјалите кои што се од домашно производство. Она што може да очекуваме во следниот период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови”, вели Ивица Јаќимовски, претседател на градежна комора при Сојузот на стопански комори.

- Advertisement -

Статистиката од последните 5 години покажува дека годишно во просек се градат по повеќе од 2.500 станови, а до крајот од минатата година во земјава има 5.254 непродадени станови. Градежниците велат дека секој квалитетен стан се продава.

Според нив, минатата година беше една од најтешките за градежништвото. Учеството на секторот во вкупниот БДП од 10% се сведе на одвај 0,2%. Една од причините, според нив е и мораториумот за градба во некои општини.

- Advertisement -

“Мораториумот кој што се водеше, или тоа што се запира, не е согласно закон и не е согласно Устав и тоа може лесно да се докаже и мислам дека секој кој што е во секторот треба тоа да го знае, или секој што работи во урбанизам дека е тоа незаконски и неуставно. Секој ДУП може да се промени исклучиво со носење на нов ДУП и тоа не може никој да го оспори, законот тоа го дозволува”, објаснува Ивица Јаќимовски.

Градежниците велат дека поради правната несигурност не се во можност да инвестираат, што дополнително ќе придонесе за раст на цените на квалитетните градби.

Сподели!
- Advertisement -