Успешно пресадено првото 3Д печатено ребро во светот

- Advertisement -

Досега е постигнат голем напредок на полетот на 3Д технологијата во медицината и трендот уште повеќе ќе зема замав во иднина. Едно битно достигнување благодарение на напредокот на 3Д технологијата е пресадувањето на првото 3Д печатено ребро кај пациент во Бугарија.

Пациентот е 35-годишниот Ивало Јосифов, кој отишол на доктор затоа што мислел дека има тонзилитис, но рендгенот на градниот кој покажал дека има израсток на неговото петто ребро. Докторите биле загрижени дека оваа состојба може да предизвика проблеми со дишењето во иднина и одлучиле да го отстранат тоа ребро и да пресадат ново.

- Advertisement -

Традицоналните импланти за ребра се прават от титаниум и се многу скапи, па хирургот на Јосифов, д-р Цветан Минчев, које е шеф на Одделот за кардиоторакална хирургија во болницата Токуда во Софија, сакал да искористи технолошки понапредно решение.

Со помош на 3Д печатење било направено ново ребро за помалку од 24 часа, а целиот процес чинел само 114 долари. „Нашите 3Д печатачи се многу прецизни, што е многу битно во медицината” велат од компанијата 3DGence, која го направила реброто.

- Advertisement -

За печатење на реброто бил искористен полиамиден материјал наречен најлон 680, кој е уникатен затоа што може да ја издржи потребната температура за стерилизација и е пофунцкионален отколку имплантите од титаниум.

Операцијата била вистински успех, а пациентот добро закрепнува. „Ова е нова ера во реконструкцијата на торакалниот ѕид кај пациентите со тумори, на кои мора да им бидат отстранети коскени структури од телото. Материјалот од кој е направено реброто е компатибилен со околното ткиво и прецизноста при репродуцирањето на вистинското ребро овозможува полесна замена на отстранетиот дел“ вели д-р Минчев.

- Advertisement -

Операцијата била толку успешна што сега докторите од болницата Токуда сега планираат да креираат имплант од три ребра поврзани за клучната коска. Ова не е прв пат да се пресади 3Д печатен орган од телото. Научници од Универзитетот Њујорк испечатија коски за деца кои имаа деформации или трауми.

Сподели!
- Advertisement -