По прв пат после 13 години дојде до промена на врвот на листата со најиновативни компании во светот според анкетата на Boston Consulting Group (BCG). Google излезе на прво место, Amazon на второ место, а Apple, кој беше на врвот од 2005 година досега, се најде дури на третата позиција.
Microsoft и Samsung ги зазедоа чествтото и петото место и така ја заокружија првата петорка најиноватвини компании во светот. Иако технолошките компании заземаат девет од првите десет места, традиционалната индустрија учествува со повеќе од половина од првите 50 компании на листата. Од традиционалните компании најиновативна е Adidas, која за само една година скокна за 25 места на листата и се најде на 10-то место. Adidas, воедно, е и најиновативна компанија во Европа.
Од 2004 година до денес BCG 13 опати ја врши истата анкета меѓу директорите за управување со иновации во многу земји и во различни индустрии за да ја разјасни позицијата и состојбата со иновации во работата. Минатата година BCG анкетирала 2.500 директори во компании со приходи повисоки од 10 милиои долари.
Според резултатите на BCG, се поголемата важност на дигиталната технологија е главен тренд меѓу иноваторите. Јасно е зошто заостануваат компании кои не користат дигитални иновации. Вештачката интелигенција уште сега е битен тренд и основна разлика меѓу иновативните компании и останатите компании, па најуспешните иноватори бараат начини да ја применат вештачката интелигенција