НАСА ја откажа првата „женска прошетка“ во вселената во историјата на човештвото и тоа поради навистина неочекувана причина – немале вселенски костими во соодветен број за женските астронаутки. Две од астронаутките кои моментално се на Меѓународната вселенска станица, Кристина Кох и Ен Меклејн, требаше да одат да ја истражуваат вселената и да постават моќни батерии на надворешната страна на лоабораторијата кои ќе се полнат со енергија од сончевите зраци.
Но, американската вселенска агенција сега вели дека има проблем со вселенските костими, што значи дека Меклејн нема да може да учествува во прошетката и ќе биде заменета со машки член на екипажот, астронаутот Ник Хаг.
Проблемот бил уочен во текот на неодамнешната прошетка во вселената кога Меклејн истакнала дека горниот дел од костимот и одговара само ако е во број М, а моментално има само еден таков костим за прошетката закажана за петок, кој ќе го носи Кох. Како што велат од НАСА, Меклејн ги поминала сите тестираша носејќи поголем број вселенски костим и се чинело дека се ќе биде во ред со мисијата.
„Во овој случај полесно е да се замени челн од екипажот отколку да се менува вселенскиот костим“ велат од НАСА. Додаваат и дека кога се испланирала првата женска вселенска прошетка во историјата на човештвото, било речено дека ќе се направат потребните измени во случај на непредвидени настани. Всушност, на Меѓународната вселенска станица имало доволно мали вселенски костими за двете жени, но нема да бидат подготвени до петок.