Кина до крајот на годинава ќе донесе прописи за регулирање на вештачката интелигенција

- Advertisement -

Кина е меѓу првите земји кои подготвуваат прописи со кои сакаат да го регулираат развојот на вештачката интелигенција. Јавноста за предлозите може да се изјасни до 10 мај, а прописите би можеле да стапат на сила до крајот на оваа година.

Кинескиот регулатор вчера ги претстави нацрт прописите за секторот генеративна вештачка интелигенција со фокус на одговорноста на компаниите за веродостојноста на податоците кои се користат за креирање содржини.

- Advertisement -

Кина ги поддржува иновациите и примената на вештачката интелигенција и поттикнува користење на безбеден софтвер, алаткки и податочни ресурси, но содржините кои ги произведува генеративната вештачка интелигенција мора да биде во склад со основните кинески социјалистички вредности.

Компаниите ќе одговораат за веродостојноста на податоците кои се користат за подучување на генеративните производи со вештачка интелигенција и ќе мора да преземаат мерки за да се спречи дискриминација при изработката на алгоритми и податоци.

- Advertisement -

Исто така, компаниите ќе мора од корисниците да бараат податоци за идентитетот и останатите сродни информаци, а ако не ги почитувваат прописите, им следува парична казна и потенцијално казнена истрага.

Ако нивните платформ креираат несоодветни содржини, ќе мора да ја ажурираат технологијата во рок од три месеци за тоа да не се повтори.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -