Јужна Кореја ќе го решава проблемот со загадувањето со создавање вештачки дожд

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот во Јужна Кореја достигна алармантни размери и има барања ситуацијата да се прогласи за национална катастрофа. Во главниот град Сеул луѓето се почесто мора да носат маски поради смогот и загадувањето, а за да се реши овој проблем неодамна владејачката и опозициската партија седнаа на иста маса за да донесат закони кои во иднина на жителите на Јужна Кореја би им овозможиле чист возсух.

Најголем виновник за овој проблем се старите електрани на јаглен и автомобилите, при што најголем дел од загадувањето доаѓа од соседна Кина. Барем така обвинуваат во Сеул, но Кинезите не се сложуваат со тоа затоа што, на пример, нивото на загадување со смог во Сеул е многу поголемо отколку Пекинг.

- Advertisement -

„Сите сме свесни дека причините за проблемот се комплицирани“ коментираат од Кина. Без оглед на тоа кој е виновникот, мора да се најде решение . Јужна Кореја ќе го забрза затворањето на старите електрани на јаглен, ќе постави уреди за прочистување на воздухот во училиштата, а една од идеите е и создавање вештачки дожд кој ќе помогне за намалување на смогот и загадувањето, во што веројатно ќе им треба помош од Кина. Имено, Јужна Кореја во јануари спроведе експеримент за создавање вештачки дожд, но тој беше неуспешен.

Кинезите со години успешно користат методи за создавање вештачки дожд, со кој се борат против загадувањето и сушата и Кореја ќе мора да го искористи нивното знаење и искуство во борбата со домашните проблеми. Владите на овие земји веќе разговарале за тоа затоа што таквите дождови би им помогнале на двете земји во борбата против загадувањето. Исто така, Јужна Кореја и Кина размислуваат и за поставување заеднички систем за известување за зголеменото загадување на воздухот.

Сподели!
- Advertisement -