Ова се продуктите кои содржат најмногу пестициди!

- Advertisement -

Според податоците на непрофитната американска организација Environmental Working Group (EWG), и покрај миењето на 65% од овошјето и зеленчукот остануваат штетни хемикалии кои предизвикуваат низа тегоби и болести. Хемикалиите кои превентивно ги користиме против штетници и болести имаат штетно дејство и врз здравјето на луѓето и предизвикуваат бројни компликации. Пестидиците кај луѓето можат да го зголемат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонални пореметувања и рак.

Затоа, се препорачува овошјето и зеленчукот добро да се измијат и по потреба да се излупат. Овошјето и зеленчукот на полиците во продавниците е преполно со пестициди кои со миење можат да се отстранат во мала мера. Благотворното дејство на витамините и минералите паѓа во втор план затоа што можните штетни последици од пестицидите се посилни од благодетите.

- Advertisement -

Според најновото истражување на EWG за 2019 година, зеленчукот, кој се смета за еден од најздравите продукти во светот, е на врвот на листата со најмногу пестициди. Според нивната студија, дури 60% од главиците кељ содржат канцерогени материи, а компирот, целерот, роквиците, крушите, црешите, праските, грозјето, јаболката, нектарините, кељот, спанаќот и јагодите често се најзагадени со пестициди.

Сподели!
- Advertisement -