Ричард Бренсон вели дека само една емоција ви е потребна за да стартувате успешна компанија

- Advertisement -

„Честопати забележуваме нови можности кога сме фрустрирани“, и објасни Бренсон на публиката на Самитот Qualtrics X4 Experience Management. За да го илустрира тоа што го кажа тој објасни како ја основал Virgin Atlantic.

„Имав 18 години и од Порторико се обидував да појдам на Девствените Острови. Тогаш пилотот ни кажа дека ќе мора да чекаме до наредниот ден. Зошто? Едноставно затоа што немаше доволно патници за летот, па го откажаа“, објасни Бренсон.

- Advertisement -

Тој во моментот вил многу незадоволен корисник. „Прекрасна дама ме чекаше на островите и немаше шанси да дозволам да ме чека до наредниот ден“ додава тој. Имал само една алтернатива – да изнајми чартер авион. Денес тој е милијардер, но во тој момент немал доволно пари за да изнајми авион замо са себе. Но, како што и кажа на публиката на самитот, една од неговите омилени фрази е: „Заеби, ајде да го направиме тоа“. Тоа го има доведено во многу незгодни ситуации, а во овој случај го натерало да најде решение за да дојде до својата дама.

Отишол и го букирал чартер авионот, а потоа со табла на која напишал „Virgin Airlines, еден правец, Девствени Острови, 39 долари“ и се прошетал меѓу патниците од откажаниот лет. „Така го наполнив мојот прв авион“ вели Бренсон.

- Advertisement -

Многу луѓе немало да преземат ништо на негово место, особено ако веќе биле зафатени со градење на првата независна музичка издавачка куќа во светот. Всушност, наверојатно сите експерти за претприемништво и фондови за ризичен капитал би го советувале Бренсон да се држи до тоа што го знае, но откако го наполнил тој чартер лет, Бренсон почнал да размислува како да го реши хаосот во авионскиот сообраќај. Во тој период авиокомпаниите не ги исполнувале своите обврски кон патниците и редовно продавале повеќе билети отколку што имале седишта.

- Advertisement -

 

Бренсон бил сигурен дека може да работи подобро и одлучил да купи авион на старо и да си ја испроба среќата. Тој се јавил кај некој од одговорните лица во Boeing и прашал дали ќе му продадат авион „боинг 747“.

Остатокот од приказната е историјаи денес неговата компанија се разликува од сите други. „Бизнисот го прават луѓето. Можете да имате пет авиокомпании со авиони ’747‘, но она што ја прави разликата се луѓето. Ние правиме се што можеме за луѓето да бидат најсреќни што патуваат со нас“.

Се прашувате кои фрустрации го натерале Бренсон да основа нови компании? На пример, железничкиот сообраќај, потоа крстосувањето. Бренсон сака да патува по светот, но никогаш немал стапнато на крузер. Почанл да размислува на каков крузер би се качиле тој и неговите пријатели и така дошол до идејата за Virgin Voyages, компанија која ветува забава без граници, без деца, без бифе. Првите патувања се планирани за напролет во 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -