Одобрен првиот лек во светот наменет за лекување постпородилна депресија

- Advertisement -

„Зулресо“, познат и како „брексанолон“ беше одобрен од страна на американската Агенција за храна и лекови за третирање постпородилна депресија. Ова е првиот лек во светот одобрен специјално да им помогне на жените кои страдаат од ова пореметување на расположението после породување 

„Зулресо“ има нов механизам на дејствување кој е поинаков од кој било друг антидепресив. Кога една жена е бремена, нејзиното тело испушта соединение наречено алопрегналон, кој е познат како активатор на GABA рецепторите во мозокот. Како реакција на тоа, GABA рецепторите кај бремените жени „заспиваат“ во текот на бременоста, но откако жената ќе се породи, нивоата на алопрегналон се враќаат во нормала и повторно се активираат GABA рецепторите.

Постои мислење дека кај некои жени GABA рецепторите не се аквитираат доволно брзо и ефективно и тоа предизвикува постпородилна депресија. „Зулресо“ е синтетичка форма на алопрегналон создаден брзо да ги активира GABA рецепторите кај жените и да ги намали акутните сипмтоми на депресија само неколку дена после породувањето.

- Advertisement -

Повеќето тестирања кои беа спроведени покажаа дека „зулресо“ е ефективен лек за намалување на симптомите на депресија, но во некои случаи имал сериозни контраиндикации како седација и губење свест. Токму затоа лекот е одобрен во рамките на т.н. Стратегија за проценка на ризик и ублажување на последици. Тоа значи дека лекот може да го даваат само одредени доктори во здравствени установи. Најбезбедниот начин да се прими „зулресо“ е интравенски во период од 60 часа. Затоа во моментот се препорачува само за пациентки со сериозна постпородилна депресија. Освен тоа, засега многу е скап – еден третман чини 34.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -