Хеликоптерот на НАСА е подготвен за на Марс

- Advertisement -

Хеликоптерот на НАСА за Марс се покажа подготвен за летање. Леталото тешко 1,8 кг, кое ќе биде лансирано со роверот на Марс на НАСА во јули 2020 година, ги помина првите тестови за престој на Црвената планета.

„Хеликоптерот има поминато 75 минути во воздух. Моделот е приближно ист колку хеликоптерот кој ќе лета на Марс. Неодамнешните тестови со моделот беа крајниот показател дека сме подготвени за да лета на Марс” велат од НАСА.

- Advertisement -

Тестовите беа спроведени во јануари во вселенски симулатор, кој се користеше за повеќе мисии изминатите децении. Научниците ја конфигурираа комората да ја имитира атмосферата на Марс, која е само 1% погуста отколку на Земјата.

- Advertisement -

Тимот го опреми хеликоптерот и со систем за имитирање на гравитацијата на Марс. Гравитационата сила на Црвената планета е само 40% од силата на Земјата. Соларниот хеликоптер ќе биде лансиран со роверот на НАСА во 2020 година и ќе собираат докази за живот на планетата, како и примероци кои потоа ќе ги донесат на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -