Најголемата нафтена компанија во светот Saudi Aramco минатата година работела со добивка од 224 милијарди долари, извести денес агенцијата Fitch Ratings врз база на деловните книги на саудиската компанија затворени по национализација. Тоа значи дека минатата година ова била најпрофитабилната компанија во светот.
Минатата недела од Aramco соопштија дека имаат намера да купат 70% удел во саудискиот петрохемиски гигант SABIC за 69,1 милијарди долари, со што де факто би се споиле двете најголеми компании во Саудиска Арабија. Saudi Aramco планира да ја финансира таа аквизиција со издавање обврзница, па по прв пат од национализацијата пред повеќе од 40 години овозможија увид во своите деловни книги за агенциите Fitch и Moody’s.
Агенцијата Fitch ја оцени кредитната способност на компанијата со A+, што е само еден степен пониско од највисоката категорија, со образложение дека најголем дел од заработката на компанијата оди во владата на Саудиска Арабија, која со неа финансира околу 70% од државните приходи во износ од 260 милијарди долари.
Кога компанијата би била независна од државата, оценката би била AA+ со оглед на финансиите, огромните резерви на хидрокарбонати и ниските трошоци за производство и би била изедначена со другите меѓународни нафтнеи компании.
Од Aramcо своите резерви на нафта ги проценуваат на 227 милијарди барели, а вкупните резерви на хидрокарбонати на 257 милијарди барели еквиваленти на нафта, што значи дека би траеле во наредните 52 години.