Ова се градовите каде што куќите и становите се најскапи

- Advertisement -

Трошоците за живот се составени од мноштво основни работи кои им се потребни на луѓето за опстанок. Тука е вклучена храната, транспортот и енергијата која ни треба за да се загреваме и да ги напојуваме уредите. Но, самите домови каде што живееме главно се виновни за сивоките трошоци за живот.

Во градовите каде што трошоците за живот значително се покачиле главно има недостиг од станбен простор, особено кога станува збор за домови за луѓе со средни или ниски примања. Живеењето во голем град е борба залуѓето кои имаат некои постари професии или работат во државниот сектор. Тоа честопати ги тера да се преселат во предградија, па дури и во помали блиски гратчиња. Но, во некои случаи луѓето наоѓаат покреативни решенија.

- Advertisement -

Во Нов Зеланд, со популација од 4,8 милиони луѓе, во последно време забрзано расте продажбата на алтернативни домови како преносни колиби, или некои конструкции кои честпати можеме да ги видиме на градилиштата или како привремени канцеларии денес во Нов Зеланд се купуваат како домови од страна на луѓето кои не можат да си дозволат вистински стан или куќа. Таква конструкција со две соби, кујна и бања се продава за 43.500 долари. Поевтините од 13.000 долари имаат поедноставна внатрешност.

Иако Нов Зеланд има просечна густина на населеност од 18 луѓе на квадратен километар, во некои урбани средини сликата е сосема поинаква – на пример, во центарот на Оукленд има 18.000 луѓе на квадратен километар. Контејнери за транспорт на стока, шатори, па дури и автомобилите се користат како домови за сите кои не можат да си најдат вистински дом.

- Advertisement -

 

Хонгкон е наскап град во светот за купување недвижност. Со оглед на тоа дека е остров, има ограничувањња во поглед на градењето. Според Bloomberg, еднен типичен семеен дом во центарот на Хонгконг со површина од околу 90 м2 месечно чини речиси 8.000 долари.

- Advertisement -

Сан Франциско и Њујорк исто така се меѓу најскапите места за купување дом. Месечната кирија за трисобен стан во центарот на градот чини најмалку 6.300, односно 5.700 долари. Доколку не сте во строгиот центар на градот, киријата може да се намали на 4.200 долари во Сан Франциско, односно 3.300 долари во Њујорк.

Според UBS Group, цените на домовите се толку надуени во некои делови од светот што претставуваат потенцијален меур, па голема е веројатноста наскоро да пукне и да има неизбежна корекција на цените. Хонгконг е на врвот на таа листа, а останатите шет града каде што е можно пукање на меурот на цените на куќите се Минхен, Торонто, Ванкувер, Лондон и Амстердам. Доека цените на куќите во многу големи градови во светот во последните две години се зголемиле за просечно 35%, во Минхен, Сан Франциско и во Ванкувер скокот на цената е дупло повеќе – околу 70%.

Сподели!
- Advertisement -