Еве колку животни јадеме годишно

- Advertisement -

Месото е контроверзна храна. Строгите вегани и месојадците не можат да најдат заеднички став по ова прашање. Но, каков и да е вашиот став во однос на етиката кај јадењето месо, има нејои факти кои треба да се знаат пред да се почне каква било дебата.

Луѓето се многу помалку на број отколку припитомените животни. Ако се соберат вкупниот број кокошки (19 милијарди), крави (1,5 милијарди), овци (1 милијарда) и свињи (1 милијарда), ќе се добие бројка трипати поголема од популацијата на луѓе на Земјата, пишува Economist.

- Advertisement -

Но, и тие бројки се ништо во споредба со бројот на животни кои ги јадеме годишно. Се проценува дека секоја година за храна се убиваат 50 милијарди кокошки, бројка во која не се вклучени петлите и непродуктивните млади кокошки кои се убиваат при производството на јајца.

Бројката на поголемиот добиток кој се убива, пак, особено свињите, исто така расте. Речиси 1,5 милијарди свињи се убиваат за да се задоволи апетитот за свинско месо, сланина, шунка и колбаси – бројка која се има зголемено за трипати во изминатите 50 години.

- Advertisement -

Во однос на морската храна, пак, бројот на секоја посебна врста риби кои се ловат е речиси невозможно да се пресмета. Сто и педесет милиони тони морска храна биле искористени за храна која ја консумирал човекот во 2016 година, од кои речиси половина дошле од фарми за одгледување.

Во последните 50 години бројот на луѓе на Земјата се дуплираше, но количината месо која ја јадеме се зголеми трикратно. Најголема причина за растот на побарувачката се земјите со средни примања и особено Кина, која стана најголем потрошувач на месо во светот.

- Advertisement -

Како контраст на тоа, побарувачката за месо во Европа и во Северна Америка се стабилизираше, па дури и опадна. Индија, и покрај тоа што каска зад Кина во поглед на популацијата, се уште консумира незначителен дел од месото кое се јаде во светот.

Свинското месо долго време е најпопуларно, но веднаш зад него е живината и веројатно набрзо ќе го надмине. Во 1961 година само 12% од глобалната консумација на месо отпаѓала на кокошки, пајки, гуски, мисирски и фаз од домашните птици е една третина од вкупното месо кое се консумира во светот.

Количината најпопуларно црвено месо, пак, говедското, во изминатите 50 години се намалила на половина – 22%, но и понатаму е пет пати попопуларно од јагнешкото.

Но, поради нашиот голем апетит за месо страда нашата планета – производството на месо создава поголема емисија на штетни гасови отколку одгледувањето зеленчук.

Сподели!
- Advertisement -