Илјадници Германци ги претвораат своите домови во вистински електрани

- Advertisement -

Илјадници Германци ги претвораат своите домови во вистински електрани со помош на паметни батерии поставени во подрумите, во која се складира енергијата од соларните панели поставени на покривите. Таа енергија потоа ја трошат кога времето е магловито или дождливо, како и ноќе.

Паметниот систем вишокот енергија автоматски ја продава на градската електрична мрежа. Од 2014 година досега 120.000 Германци купиле паметни соларни системи со батерии. Тоа е еднакво на 12% од вкупната продажба на вакви системи во светот.

- Advertisement -

Додека цените на батериските системи растат, цените на соларните панели само во 2018 година паднаа за 30%. Сепак, и оваа бројка е само мал дел од вкупниот број домаќинства во Германија, но е вистински чекор напред кон децентрализација на снабдувачката со енергија и користење се повеќе обновливи извори кои не емитуваат многу стакленички гасови.

Семејствата кои имаат поставено паметни соларни и батериски системи заштедуваат до 80% од претходните давачки за енергија. Така за да ја исплатата вкупната цена на системите ќе им требаат само 10 години. После Кина, Сад и Јапонија, Германија има најголем соларен капацитет во светот. Повеќе од 1 милион згради имаат соларни панели на покривите.

- Advertisement -

Во 2018 година 8% од вкупната произведена енергија била од соларна енергија. Сепак, и тоа не е доволно за Германија да може да ги достигне ЕУ таргетите – до 2020 година 18% од вкупно произведената енергија да биде од обновливи извори. Германија до 2022 година ќе ги затвори нуклеарните централи, па можеби повеќе ќе почне да се користи соларната енергија.

Thousands of Germans are turning their homes into power plants

12% of all solar-unit sales worldwide since 2014 were to German households. 📕 Read more: https://wef.ch/2uysMNM

Posted by World Economic Forum on Петок, 29 март 2019

Сподели!
- Advertisement -