Редовно годишно собрание на акционери на Комерцијална банка

- Advertisement -

Aкционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.

- Advertisement -

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -