Срѓан Лисац: Светот бара органски вина. Македонија може да ги понуди!

- Advertisement -

Минатиот месец за прв пат се одржаа винските обуки во рамките на Wine Educator www.wineeducator.mk. Обуката ја држи Срѓан Лисац, реномиран експерт во оваа област. Поразговаравме за неговото професионално искуство, најновите трендови во винскиот свет и за бенефитите од овие обуки за посетителите.

Минатиот месец за прв пат се одржаа винските обуки во рамките на Wine Educator www.wineeducator.mk. Обуките се акредитирани од Лондонската школа Wine & Spirits Education Trust (WSET). Носител на франшизата е Винарската визба „Тиквеш“. Посетителите на обуките, љубители на вино, енолози и лица што професионално се занимаваат со производство и продажба на вино имаа одлична можност од врвен професионалец да стекнат нови структурирани знаења за виното. Во мај ќе следат нови обуки, а сите заинтересирани можат да се пријават на www.wineeducator.mk. Обуката ја држи Срѓан Лисац, реномиран експерт во оваа област. Поразговаравме за неговото професионално искуство, најновите трендови во винскиот свет и за бенефитите од овие обуки за посетителите.

 

- Advertisement -

За почеток, кажете ни повеќе детали за вашата експертиза во областа на винската индустрија и искуството во едукација за вино и винарство. По професија сте технолог. Како вашата кариера продолжи да се развива во овој правец?

-Студирав биотехнологија на Факултетот за прехрамбена технологија и биотехнологија во Загреб и по дипломирањето останав на факултетот како истражувачки асистент сé до моето докторирање. Потоа се префрлив во Институтот за јадрански култури како раководител на Лабораторијата за винарство и лозарство и тоа за мене беше периодот кога подлабоко навлегов во винската индустрија. Почнав со наука, па поминав на технологија. Едукацијата за виното започна преку програмите на Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци (WSET), при што првите две нивоа ги завршив во Љубљана, а третото ниво во Лондон. Но, мојот последен степен на едукација за виното беше дипломата за познавање на виното повторно од WSET, која ја стекнав на Академијата за вино во Австрија, а станав и академик за вино на истата институција.

- Advertisement -

 

Деновиве во Скопје одржувате обуки за почетници и за професионалци во винска индустрија и угостителство. Каков е интересот за овие обуки и кои се предностите на вакви обуки за посетителите? Каков е интересот и во други земји каде што држите обуки?

- Advertisement -

-Има голем интерес за вакви обуки затоа што во нив секој може да пронајде нешто за себе. Ако сте апсолутен почетник, обуката од првото ниво претставува еден вид воведен курс и е најпогодна. Малку посериозна обука е програмата од второ ниво, преку која оние што професионално се занимаваат со вино и пасионираните љубители на виното можат да добијат структурирано знаење. Накратко кажано, преку оваа обука ќе можете да разберете кои се клучните глобални сорти, кои се нивните карактеристики, а ќе се запознаете и со винските региони во светот.  Значајно е и што освен базичните информации за виното, обуките WSET се дизајнирани на начин што овозможува да понудат вредност и за оние што се дел од бизнисот со вино. Ако сте професионалец и веќе работите со вино, тогаш може да осознаете што се случува во светот, кои се најновите трендови, што се бара на пазарот и тие знаења да ги имплементирате во вашиот бизнис и да станете поконкурентен. Истовремено, ако сте почетник, на систематски и структуриран начин ќе стекнете основни познавања за да почнете да размислувате и да уживате во светот на виното.

Познавањето на квалитетни вина, соодветните комбинации на вино и храна се еден вид на престиж и одраз на добра винска култура. Од Вашето искуство, кој е профилот на луѓето кои сакаат да добијат квалитетна винска едукација?

-Вакви обуки одржувам и во Хрватска, мојата родна земја, преку Центарот за култура на храната и таму посетителите се главно љубители на храна и вино, односно лица кои не се професионално поврзани со виното, туку доаѓаат затоа што сакаат храна, вино и едноставно сакаат да знаат нешто повеќе за таа тема. Друг пример е моето искуство кога соработував со институт од Италија и посетители на обуките беа студенти на институтот, млади луѓе, гладни за знаење, но од еден поинаков аспект.

Но, група за која WSET обуките се многу интересни се и луѓе кои професионално се занимаат со вино, почнувајќи од енолози, до оние што работат во продажбата, па се интересираат за различните вина, за тоа какви вина се произведуваат во различни региони, кои се карактеристиките на регионот, односно се запознаваат со целокупната приказна со цел да пронајдат зошто одредено вино е интересно за нив.

 

Како вински експерт, кажете ни кои според Вас се клучните специфики на македонските вина? Кои се нивните предности во однос на другите?

-Повеќе години ги следам македонските вина и гледам дека квалитетот навистина се подобрува. Променета е и стратегијата за присуство на глобалниот пазар. Гледам дека македонските вина освојуваат награди насекаде низ светот, тоа е одличен знак. Имате неколку одлични сорти што мислам дека се многу интересни. Имате и препознатливи сорти. Една од нив, се разбира, е вранецот, но и темјаниката, која сметам дека е исклучително интересна за глобалните потрошувачи и се своевиден адут за македонската винска индустрија.

Кое македонско вино или винска сорта е ваш фаворит и зошто?

-Можеби затоа што сум израснат во земја во која се преферираат црвени вина, би рекол дека вранецот е мојот фаворит и навистина можам да кажам дека уживам во фактот дека квалитетот на вината произведени од вранец се подобрува од година во година.

 

Какви се винските трендови во светот во моментот? Какви вина се пијат? Дали се излегува надвор од традиционалните шеми на комбинација на храна со вино? Какви иновации се „ин“ во моментот во винската индустрија?

-На ова прашање гледам од глобален аспект и она на што треба да се фокусираме се младите потрошувачи или т.н. миленијалци (millenials). Оваа нова генерација е поврзана со трендови со кои претходно немавме искуство. Тие се заинтересирани за животната средина, за одржливост, за природата. Тие сакаат да знаат од каде потекнува виното, каков е процесот на производство и дали е во согласност со заштитата на природата, па оттука моментално се интересни органски вина, биодинамични вина. Ако го споредам тоа со можностите што ги имате тука, мислам дека има простор за производство на органско вино, затоа што имате клима што го овозможува тоа. Што се однесува со трендовите во индустријата за вино, во текот на минатата година видовме дека побарувачката на розе вино расте, како и на пенливи вина. Слатките вина и засилените вина бележат пад на побарувачката. Инаку, новите млади потрошувачи сакаат вина со поинтензивен овошен вкус и тоа е еден тренд, но ако зборуваме за квалитет, мислам дека сегментот на премиум вина е местото кон кое треба да се цели.

Сподели!
- Advertisement -