Игра инспирирана од војната во Сараево продадена во повеќе од 4,5 милиони примероци

- Advertisement -

Стратешката игра This War of Mine продадена е во повеќе од 4,5 милиони примероци откако беше лансирана во 2014 година. Најмногу игри се продадени во САД. Играта успешно работи на сите платформи како персоналните компјутери, Play Station 4, Nintendo Switch, Xbox One, iOS и Android.

This War of Mine раскажува за група цивили кои се борат во опколен град за време на војната во Сараево. Инспирирана е од опсадата на Сараево од 1992 до 1995 година. Главната цел на играта е да се преживее војната со алатките и материјалите кои играчот може да ги стекне со ликот со кој управува. Играчот мора да води сметка за потребите на секој лик за да работи најдобро што може и да може да прави најмногу алатки, средства за спасување, да готви храна и да остане жив.

- Advertisement -

Играта освои повеќе од 100 награди од лансирањето досега, вклучувајќи ја и наградата на Independent Games Festival, наградата Games For Change и наградата SXSW Cultural Innovation Award. Сите приходи од играта одат за непрофитната ирганизација War Child, посветена на деца погодени од воени судири како што се Авганистан, Ирак, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго и Јемен, а компанијата која стои зад неа, 11 Bit Studios, досега има донирано повеќе од 500.000 долари на оваа организација.

Минатата недела 11 Bit Studios издаде самостојно продолжение на играта наречено This War of Mine: Stories — Father’s Promise за iOS и Android.

Сподели!
- Advertisement -