Најголемиот светски произведувач на индустриски роботи отвори фабрика во Словенија

- Advertisement -

Во словенечкиот град Кочевје денеска по две години изградба, се отвори фабрика на  најголемиот светски произведувач на индустриски роботи – Јаскава.

Хуберт Кослер, кој е директор на новооснованото претпријатие „Јаскава Јуроп Роботикс“, со седиште во Кочевје, изјави дека новата фабрика ќе ги дополни производствените капацитети на Јаскава во Јапонија и Кина, а ќе придвижи 80% од европската побарувачка на нејзините индустриски роботи од типот – Ротоман.

- Advertisement -

Јаскава планира до 2023 година во Словенија да вработи околу 200 лица, а годишно да произведува 10.000 роботи.

Инвестицијата е во вредност од околу 25 милиони евра, од кои 5,6 милиони осигура Словенија, по пат на државни субвенции. Станува збор за досега најголемата јапонска инвестиција во Словенија. Јапонската компанија „Јаскава Електрик Корпорејшн“ остварува речиси три милијарди евра годишен обрт.

- Advertisement -

извор: Makfax

Сподели!
- Advertisement -