Марино е млад човек кој одлучил самостојно да го реши проблемот со загадувањето на езерата во светот. Според најновите податоци, дури 40% од езерата во светот се екстремно загадени
Кога езерото кое му го исполнило детството на Марино се загадило, тој знаел дека мора да направи нешто. Овој јапонски научник отишол во банка, зел заем и почнал да бара решение за неговото езеро. Така дошол до уникатно решение. Создал производ кој се додава во загадената вода и сите нечистоти ги привлекува на површината, од каде што лесно може да се отстранат. Притоа, неговиот производ е толку еколошки и безбеден што може да се јаде затоа што е 100% органски.
По само 15 минути ќе видите како нечистата и загадена вода станува чиста. Најпрвин го тестирал на мала количина вода а откако увидел колку е ефикасен, си помислил зошто да не го исчисти целото езеро? Отишол кај езерото, истурил огромна количина од производот во него, додал биофилтри, нанотетехнологија и за само неколку месеци целосно го исчистил езерото. Езерото сега е чисто, без паразити, бактерии и загадувачи. По прочистувањето на езерото, веднаш се вратиле птиците, а по нив и луѓето.
Како му успеало ова? Со помош на нанотехнологија која одлично функционира за чистење отпадни води, но е скапа и тешка за примена. Инспириран од овој успех, Марино си задал многу поголема цел – да го исчисти најголемото езеро во Перу, Титикака, со помош на цел тим од научници, милиони долари инвестиции и патентирана технологија.
This guy used his PhD degree to clean his childhood lake.Here is the amazing story of how he did it.You can follow his progress at Marino Morikawa, PhD. Thank you so much Marino for this awesome opportunity and I wish you the best of luck in your endeavours! Follow me on Instagram: @NasDailyAnd my group: Nas Daily Global
Posted by Nas Daily on Вторник, 25 декември 2018