На Силиконската долина и се заканува егзодус на вработените

- Advertisement -

Компанијата Brunswick Group спроведе истражување меѓу вработените во технолошките компании од заливскиот дел на Сан Франциско, кој ја вклучува и Силиконската долина за иднината на технологијата, но и иднината на овој дел од САД, кој се смета за светски центар на технологија и иновации и е дом на многу најголеми компании во светот.

Иако многумина мислат дека Силиконската долина нема проблеми со вработување и дека најголем дел од инженерите и експертите сакаат да работат таму, во последно време ситуацијата почна да се менува, па сега и најголемите компании во светот не можат да си најдат работници.

- Advertisement -

Во иднина тоа ќе биде уште потешко затоа што повеќе од 40% од вработените во технолошки компании на возраст од 18 до 34 години во текот на идната година имаат намера да ја напуштат Силиконската долина и својата среќа да ја побараат во други делови од светот. Исто така, за напуштање на Силиконската долина размислуваат и една четвртина од вработените на возраст од 35 до 44 години. Причина се зголемените трошоци за живот и се поголемиот сообраќаен метеж.

Речиси половина од испитаниците очекуваат дека други региони ќе конкурираат како нови центри за технолошки иновации, про што сериозен конкурент на Силиконската долина можеме да очекуваме во наредните пет години. Најголем дел од испитаниците веруваат дека тоа ќе биде Кина. Сепак, такво нешто нема лесно да се постигне затоа што ова подрачје е специфично по две работи – по луѓето и по културата.

Сподели!
- Advertisement -