- Advertisement -
Автомобилите стануваа се понапредни во секој поглед, а од Hyundai порачуваат дека немаат проблеми со тоа. Всушност, спремни се да одат чекор подалеку од другите производители на автомобили и да бидат предводници кога е во прашање употребата на напредна технологија.
Така, Hyundai го претстави моделот i30 со посебен концептуален ентериер кој најавува во кој правец ќе се движи дизајнот на внатрешноста на автомобилите, особено на идните автомобили на Hyundai. Една од најинтересните новини е т.н. повеќефункционален управувач, на кој класичните прекинувачи се заменети со два екрани осетливи на допир преку кои се управува со разни on-board системи. Приказот на овие екрани е прилагодлив, односно променлив, па возачот може да избира што ќе се прикажува на нив, а со тоа и со кои системи ќе управува преку екраните на допир.
Понатаму, има и дигитална инструмент табла со екран. Двата екрани се наоѓаат еден зад друг на оддалеченост од 6 мм, што овозможува многу реалистичен 3Д графички приказ. Исто така, унапреден е и делот за инфозабава, а посебен акцент е ставен на екраните и на осетливоста на нивното користење.
- Advertisement -