Аеродромот Чанги во Сингапур наскоро ќе добие нов терминал кој во себе ќе содржи работи кои не можете да ги видите на ниеден друг аеродром во светот. Oвој аеродром ќе има внатрешни градини, базен и џакузи на покривот.
Терминалот во форма на полутопка, чија изградба чинела 1,7 милијарди долари, ќе понуди работи кои никогаш не сте можеле ни да ги замислите. Т.н. Rain Vortex ќе биде највисокиот внатрешен водопад во светот, а веднаш до него ќе се наоѓа и провиден стаклен мост по кој ќе може да се оди.
Првиот во светот лавиринт од огледала ќе биде поставен во внатрешните градини, а по висечките патеки наречени Sky Nets направени од мрежи ќе можете да се искачите над крошните од стеблата. Новиот терминал ќе биде отворен на 17 април.
Changi Airport's futuristic terminal has its own forest
Jewel Changi Airport to open on April 17 ✈️
Posted by Startup Selfie on Понеделник, 08 април 2019