Неуспешен обидот на градоначалникот на Њујорк со помош на вештачка интелигенција да го направи градот безбеден од терористи

- Advertisement -

Пред неколку години градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, најави дека на мостовите и на тунелите во Големото јаболко ќе постави сензори, камери и опрема за пропознавање на лица, а тогаш најави и дека слична технологија сака и на аеродромите, големите крстосници и другите стратешки места како дел од борбата против тероризмот. Додека некои ја пофалија посветеноста на оваа борба, други го критикуваа потегот затоа што освен што создава голема база на податоци, може да дојде до проблеми ако софтверот невина личност означи како терорист. Досега се покажа дека вештачката интелигенција има големи проблеми со предрасуди.

Но, се чини дека граѓаните на Њујорк не треба да се грижат дека ваквата технологија ќе им го препознава лицето додека се возат со автомобил, барем засега, затоа што според извештаите, во текот на тест-периодот технологијата за препознавање лице се покажала како „спектакуларен неуспех”. Имено, технологијата за која градоначалникот на Њујорк се надеваше дека ќе му помогне во борбата против терористи не успеа да препознае ниедно лице во прифатливите параметри.

- Advertisement -

Иако се користи со години, препознавањето лице се уште е технологија која е на почеток на својот развој, а тоа особено се однесува на препознавањето лице при големи брзини. Во некои претходни тестирања оваа технологија успеа да препознае 80% од возачите, но тестирањето се вршеше при многу помала брзина. Сепак, пилот-проектот во Њујорк, иако е вистински дебакл, нема да биде прекинат и ќе се продолжи со развој и тестирање на технологијата.

Сподели!
- Advertisement -