Петар Ниновски: Како да се исполни недостатокот од практични вештини настанат од формалното образование?

- Advertisement -

Brainster деновиве ja лансираше новата Академија за дизајн во соработка со едни од најискусните дизајнери во Македонија и регионот. Што друго ќе биде во есенскиот фокус на Brainster разговаравме со основачот на Brainster, Петар Ниновски

– Во моментов на пазарот на труд во Македонија, нема доволно дизајнери за потребите на компаниите, а отворените работни позиции не се пополнуваат со месеци. Заради потребата од професионални дизаjнери, ги собравме најискусните од Македонија, ја формиравме програмата за да ги создадеме дизајнерите на иднината. Студентите на Академијата ќе имаат можност да учат под менторство на: Даниел Јанев, Зоран Кардула, Јане Наумоски, Дијана Димитриевска, Небојша Гелевски – Бане, Ана Тодоровска, Дарко Аницин, кои целото свое искуство ќе го пренесат за 16 недели.

- Advertisement -

Септември е месецот кога интензивно продолжуваме со селекција на кандидати за Академjaта за маркетинг и Академиите за програмирање, а веќе се закажани нови курсеви на brainster.co. Константно се фокусираме на дигиталните вештини кои се најбарани, од областа на дизајн, маркетинг, бизнис и програмирање. Mожам само да најавам дека подготвуваме некои нови side проекти на кои работат учесниците на Академиите.

- Advertisement -

Кои беа најбарани курсеви или теми за едукација во 2018 година? Се забележува ли некој нов тренд во побарувачката?

– Ќе започнам со дизајн. Учесниците ќе стигнат од графички дизајн во Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign, до скицирање, типорафија, лого дизајн, постер дизајн, Creative Thinking, Package design, UX/UI, Web Design и Mobile Design. Тоа се вештините што треба да ги поседува секој добар дизајнер и што се барани од компаниите. Побарувачката за учење на дигитални вештини како програмирање и дигитален маркетинг константно се зголемува. Токму поради ова го зголемивме бројот на студенти кои се примени за новите Академии. Особено кога станува збор за маркетинг, кај компаниите постои особена потреба од добри маркетери каде што се бараат напредни вештини кои ниедна студиска програма на универзитетите низ државава досега не ги понудила. Во однос на потребата од програмери, знаете дека е професија на иднината и дека секој кој ќе научи да пишува добар код, многу лесно ќе се вработи.

- Advertisement -


Новите дигитални трендови не можат да ги одминат ни македонските компании. Каков е интересот на компаниите за совладување на нови вештини и знаења? Има ли некои индустрии/дејности кои се во предност?

– Brainster од основањето работи на Inhouse обуки во компании. Интересот е голем, но имплементацијата е сложена. Дел од компаниите веќе го имаат започнато процесот на дигитализација, со дел од нив директно соработуваме на развивање на дигиталните вештини на вработените. Голем дел од компаниите се уште не се свесни, колку треба да се насочат кон дигитална трансформација на процесите и вработените. Активно работиме на директно влијание за подобрување на таквата ситуација.

Накратко, колку дигиталниот маркетинг во Македонија е во чекор со тоа што се случува на светската сцена?

– Ако ги тргнеме маркетинг агенциите на страна, оние што имаат сопствен маркетинг тим се обидуваат нешто да имплементираат од светските трендови. Во секој случај, мораме да ги пофалиме што станале свесни за задолжителното онлајн присуство. Во однос на маркетинг во светки рамки, можеме да се повикаме на многу добри практики, веруваме дека тука се работи next-level-Sillicon-Valley маркетинг.

Тимот на Brainster

Продолжуваат ли академиите за програмирање и маркетинг, по кои е популарен Brainster?

– Од октомври започнуваат новите групи за Академиите за програмирање и маркетинг. Целта ни е уште повеќе да ги поттикнеме студентите да се насочат кон дигитални вештини. Професиите еволуираат и практичните вештини се она што го бараат компаниите. Веќе ги имаме најавено проектите на кои ќе работат студентите, целта е да научат свежи вештини, веднаш применливи на работното место. Постојано работиме на тоа директно да влијаеме на невработеноста во Македонија, како да го пополниме пропустот помеѓу формалното образование и тоа што се бара од компаниите, да ги обучиме или преквалификуваме оние кои не можат да најдат работа во оваа дигитална економија или оние кои сакаат да направат промена во кариерата.

Сподели!
- Advertisement -