- Advertisement -
Вредноста на извозот на маслиново масло од Грција, благодарејќи на побарувачката во Италија, достигна 530 милиони евра во минатата година.
Тоа е рекорден годишен пораст во вредност од 117 милиони евра, објавија грчките медиуми.
- Advertisement -
Лани, извозот на храна од Грција порасна за повеќе од 400 милиони евра и изнесуваше 5,42 милијарди евра. Тоа е значително зголемување во споредба со 2017 година, кога вредноста на извозот беше 5,08 милијарди евра.
Освен маслиновото масло, раст во извозот има за сирењата, маслинките, морските плодови, јогуртот, праските и портокалите.
- Advertisement -
Најголем увозник на грчка храна во 2018 година беше Италија. Следуваат Германија, Велика Британија и САД.
(Instore.mk)
- Advertisement -