Ова е првата фотографија во светот од т.н. црна дупка во вселената

- Advertisement -

Астрономите досега само претпоставуваа како би изгледала една црна дупка. Многумина се обидуваа да пресметаат колку се големи црните дупки, но никој досега немаше видено црна дупка затоа што станува збор за исклучително густа материја. Токму поради својата неверојатна маса и малиот волумен црните дупки привлекуваат се што ќе им се најде во близина – од ѕвезди до фотони на светлината.

Но, денес научници од американската Национална научна фондација и телескопот Event Horizon на светот и ја претставија првата фотографија од црна друпка. На фотографијата може да се види црна дупка во центарот на масивната галаксија Messier 87 во ѕвездата Девица. Од Земјата е оддалечена 55 милиони светлосни години, а од Сонцето е поголема 6,5 милијарди пати.

- Advertisement -

Како што беше истакнато на конференцијата, благодарение на можните телескопи на Земјата астрономите ги забележале плазмите кои ги исфрла црната дупка во вселената и откриле промени во просторот и времето до кои доаѓа по судир со црните дупки.

Станува збор за големо научно достигнување со кое се продлабочува човечкото знаење за црните дупки, се потврдува Ајнтајновата општа теорија за релативност и се отвораат нови правци за истражување на вселената.

- Advertisement -

Фотографијата која беше претставена на конференција настанала во април 2017 година, и тоа после 10 дена континуирано снимање. Податоците кои се собрани во текот на тоа снимање се складирани на повеќе од 100 модули, што во превод нзачи дека има повеќе од половина тон дискови. Количината податоци може да се спореди со 5.000 години MP3 датотеки или целожицотна колекција на селфи фотографии од 40.000 луѓе. На проектот учествувале 200 научници од 60 институти кои паралелно работеле во повеќе од 20 земји и региони во светот.

Сподели!
- Advertisement -