Дали сте зависни од вакво „губење време“?

- Advertisement -

Во САД неодамна беше спроведено истражување во однос на корисници на социјалните мрежи, кое покажа некои интересни трендови и односот на Американците кон најпознатите мрежи и технологии. Резултатите од истражувањето, кое го спроведоа NBC News и The Wall Street Journal, покажаа дека Марк Цукеберг не ја исполнил својата мисија кога минатата година најави дека целта на Facebook, па и по цена на губење на корисниците, односно намалување на времето кое го поминуваат на мрежата, ќе биде ориентација на корисниците и нивната блиска поврзаност со други корисници и пријатели на Facebook.

Имено, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека социјалните мрежи влијаат на раздвојување, наместо на поврзување на луѓето и дека преку социјалните мрежи се шират лаги наместо вистинити информации, а повеќе од 60% од нив не му веруваат на Марк Цукерберг ни на Facebook кога е во прашање заштитата на податоците.

- Advertisement -

После турбулентната година за Facebook, не можеме ни да очекуваме поинакви резултати. Односот кон Facebook, Twitter, Instagram, Snapchat итн се разликува кога се во прашање помладите корисници и помал број од нив веруваат дека социјалните мрежи ги раздвојуваат луѓето и дека преку нив се шират невистини. Можеби најинтересен дел од истражувањето е мислењето за социјалните мрежи и губењето време. 82% од испитаниците сметаат дека социјалните мрежи се насочени на губење време на корисниците, додека само 15% од нив заклучиле дека времето поминато на Facebook, Twitter и на другите мрежи е корисно.

Но, без оглед на тоа што најголем дел од луѓето во светот се свесни дека само губат време на социјалните мрежи кое инаку би го потрошиле покорисно, речиси 70% од нив ги користат социјалните мрежи најмалку еднаш дневно.

- Advertisement -

Иако немаат најдобро мислење за социјалните мрежи, Американците општо имаат позитивен став кон технологијата и речиси 60% од испитаниците сметаат дека технолгијата носи повеќе предности во споредба со негативните страни.

Сподели!
- Advertisement -