Њујорк гради џиновски подземен парк

- Advertisement -

Lowline е план за користење на иновативна соларна технологија за осветлување на историски подземен терминал за тролејбус во Њујорк. Визијата на планот е да се направи подземен парк и културна атракција вo една од најгусто населените урбани средини во светот.

Локацијата е поранешниот терминал Вилијамсбург, кој бил отворен во 1908 година за патници, но не се користи од 1948 година, кога прекинал да работи и тролејбусот. И покрај шест децении некористење, просторот e функционален, а се наоѓа во еден од деловите од Њујорк со најмалку зеленило.

- Advertisement -

Иновативниот подземен парк е дело на Raad Studio, и се планира изградба на т.н. оддалечен стаклен покрив. Тоа значи дека сончевата светлина ќе навлегува преку сончев покрив над параболичен колектор, кој ќе ја рефлектира и ќе ја собира во една фокална точка, од каде што ќе се пренасочува под земја.

- Advertisement -

Под земја ќе има рефлектирачка површина од каде што ќе се шири во целиот простор. Оваа технологија ќе овозможи потребни сончеви зраци со одредена бранова должина за да се одвива фотосинтеза во растенијата.

Во текот на денот нема да се троши струја за осветлување. Во септември 2012 година тимот на Lowline направи прототип на технологијата во напуштен склад. Таа технологија потоа беше и изложена за јавноста и се докажа дека е функционална.

- Advertisement -

Целиот проект ќе чини околу 80 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -