Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијата – Питер Шенкмен (Peter Shankman). Шенкмен е автор на пет бизнис бестселери, експерт на полето корисничко искуство и сериски претприемач.
Дневниот весник The New York Times го опиша Шенкмен како рок ѕвезда која знае апсолутно се за социјалните медеиуми. Шенкмен е познат по радикалните ставови на полето на корисничката економија. Тој смета дека во наредните педесет години економскиот раст првенствено ќе биде воден од искуството кое го креираме за клиентите. Шенкмен работи и на подигање на свеста за економијата на неуроразличности, што започна со најслушаниот подкаст на тема хиперкинетички пореметувања (хиперактивно пореметување на недостиг од внимание – Attention Deficit Hyperactivity Disorder – ADHD) наречен „Побрз од нормалното“ („Faster than Normal”). Подкастот се фокусира на предностите и можностите кои произлегуваат од фактот дека имате мозок кој работи побрзо од нормалното и кој на илјадници луѓе во светот им помогна да го прифатат својот атипичен мозок како дар, а не проклетство. Шенкмен има основано и продадено три стартапи, меѓу кои и „Help a Reporter Out” (HARO), платформа која поврзува новинари со експерти и извори на информации. Основач е и на ShankMinds Breakthrough Network, елитна онлајн заедница на мислители, претприемачи, професионалци и иноватори, која поттикнува размена на знаење и обезбедува менторство за своите членови. шпенкмен двапати успешно го заврши триатлонот „Ајронмен“.
Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на тројца годинашни говорници – тоа се Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината); Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите) и Кејт Мурден (основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.
Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 200 евра до 21 април. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.
Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.