Црната дупка која влезе во историјата од денес има и име

- Advertisement -

Црната дупка која во историјата влезе како првиот фотографиран примерок од овој вид огромно небесно тело го доби името Powehi. Powehi е хавајска фраза која може да се преведе како „украсен црн извор на бескрајна креација“. Името и го даде професирот по хавајски јазик Лери Кимура, а хавајскиот е избран затоа што два од осумте телескопи користени при фотографирањето на црната дупка се сместени во тој пацифички  рај.

Powehi се споменува во хавајска народна песна посветена на креацијата во светот наречена „Kumulipo”. Првата црна дупка беше фотографирана со помош на повеќе телескопи поврзани во еден виртуелен телескоп со колемина на Земјата. Во 2017 година виртуелниот телескоп беше насочен кон црната дупка во галаксијата M87, а податоците собрани во последните две години без организирани за да се добие што подобра фотографија. Покрај Powehi, виртуелниот телескоп ја изучува и црната дупка Sagittarius A* во центарот на Млечниот пат.

Сподели!
- Advertisement -