Ова е најиздржливиот паметен телефон Noa Hummer

- Advertisement -

Откако на крајот на февруари беше претставен на Саемот за електроника во Барселона, на пазарот сега е достапен и најиздржливиот паметен телефон Noa Hummer 2019. Наменет е за екстремни услови, разни работни средини и авантуристички предизвици. Главните карактеристики на Noa Hummer 2019 се отпорност на удари, притисок, вода и гребнатини, што го потврдуваат стандардите IP68 и MIL-STD-810G. Овој паметен телефон овозможува фотографирање на дожд и снег, а најпознатиот воен стандард MIL-STD-810G обезбедува сигурност дека уредот е целосно отпорен на прашина.

Hummer 2019 има метална рамка која е комбинација од брусен алиуминиум и гумени површини, а на уредот му обезбедува површина која не се лизга дури и кога е водена и е издржлива. Има четиријадрен процесор MTK6739, 3GB работна меморија и 16 GB меморија за складирање податоци, што може да се надгради со дополнителни 128 GB преку Micro SD картичка. Има батерија од 3.800 mAh со технологија за брзо полнење, а се полни преку USB-C конектор.

- Advertisement -

Со NFC читач може да чита и да комуницира со други NFC компатибилни уреди и да ги користи за различни цели – од едноставна идентификација до имплементација на виртуелен паричник. Двојната зада камера има 13+2 MP, додека предната има 8 MP. Hummer 2019 има екран со дијагонала од 5,5 инчи. Цената е околу 190 евра.

Сподели!
- Advertisement -