Објавена програмата за посетата на Папата Франциск на 7 мај на Скопје

- Advertisement -

Владата ја објави агендата на папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај. По официјалниот прием, неговата свеченост, папата Франциск ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се обрати до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Според агендата, предвидено е светиот отец да ја посети спомен-куќата на мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна да се сретне и со сиромашните.

- Advertisement -

Во програмата за апостолското патување на папата Франциск во Северна Македонија, светиот отец предвидено е да служи света литургија на плоштад Македонија и да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.

Светиот отец ќе одржи и средба со свештениците и нивните семејства во катедралата, по што ќе се врати во Рим.

Сподели!
- Advertisement -