Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични автобуси

- Advertisement -

Министерството за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини низ земјава.

Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, 60 автобуси во рок од 18 месеци.

- Advertisement -

Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини – се наведува во објавата на Министерството.

- Advertisement -

Од таму додаваат дека покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа.

- Advertisement -

Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги – се посочува на крајот од соопштението.

Сподели!
- Advertisement -