Јавна презентација на решенијата за ефикасно управување со отпадот во Македонија ќе се одржи денеска во организација на Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за коминикациски студии.
[quote]Годишно во земјава се создаваат околу 700.000 тони отпад, односно секој човек создава по околу 350 килограми годишно[/quote].
Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава. Во вкупниот отпад дури 38.000 тони се пластика, а над 40.000 тони се стакло – цврст отпад за кој се потребни векови да се распадне.
Дополнително, индустриските капацитети создаваат токсични отпадни води, кои често не се пренасочени кон пречистителна станица и ја загадуваат почвата и подземните води.