На Месечината има вода во изобилство сокриена во лунарното подземје

- Advertisement -

Научниците одамна открија дека има вода под површината на Месечината, но мислеа дека се работи за нешто друго, а не трајни наслаги откако леталото Касини регистрираше вода во трагови во 1999 година. Сондата Dip Impact на НАСА исто такатја детектирање во 2009 година.

Но, изворот на водата беше непознат, а научниците претпоставија дека таму ја донел сончевиот ветар или некој метеор на поминување. Најновите истражувања покажаа дека може да има површинска вода на Месечината.

- Advertisement -

Ударната маса од  метеорити не може да биде главна причина за водата затоа што ја има во многу поголема количина. Наместо тоа, водата веројатно настанува кога апсорбираната вода на зрна реголит се испушта при ударниот бран.

Анализирајќи ја детектираната вода, научниците заклучија дека горните 8 см од лунарниот реголит се суви како коски на мумија, меѓутоа ако се анализира подлабоко на длабочина од барем три метри ќе сеснајде рамномерно распределена вода. На Земјата тоа би се сметало за суво тло, но тоа не е целосно лишено од вода како што се мислело.

- Advertisement -

Експертите пресметале дека годишно поради удари на други тела од Месечината се губат 200 тони вода, што значи дека Месечината секогаш имала изобилство на вода, посебно деловите кои се во вечна сенка.

Сподели!
- Advertisement -